Поврзете се со нас

Англија

Кол jа откри вистинската причина за преминот од Арсенал во Челси

Објавено

на

Поранешниот англиски репрезентативец, Ешли Кол ја откри вистинската причина за неговиот контроверзен трансфер, премин од Арсенан во редовите на големиот градски ривал Челси.

Кол беше дел од младинската школа на „топчиите“ за да од 1999 година заигра за првата екипа и биде важен дел од успесите во англиските натпреварувања се до 2006 година кога одлучи да си замине и потпише за „сините“ од „Стемфорд Бриџ“.

Тоа дефинититивно ги налути навивачите на Арсенал кои го обвинија Ешли дека тоа само го направил поради финансиски причи, меѓутоа според левиот бек причината била сосема поинаква.

-Транзицијата во однос на тоа да се биде во различна група, животна средина и играчи беше лесна, бидејќи во времето кога за прв пат започнав во Арсенал, имавме јадро – Кион, Симан, Виеира, Анри, Адамс. Кога почнаа да заминуваат, чувствував дека има дупки во културата која ни донесе успех.

-Чувствував дека се распаѓа, или недостасуваа празнини и тие не беа пополнети. Така таа транзиција во смисла на наоѓање во друга култура и подготвеност за победа, отидов во Челси каде тоа го имав, -истакна Кол кој сепак призна имало грешки од двете страни кои можеле да бидат избегнати.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни