Поврзете се со нас

Англија

Кол импресиониран од тоа што го видел од Челси, посочи во што лежи тајната за рапидниот успех

Објавено

на

blank

Челси под водство на Томас Тухел продолжи да импресионира и на вчерашниот натпревар против Ливерпул успеа да слави победа во која во ниту еден момент не беше доведено во прашање името на победникот иако резултатот беше минимален.

Поранешниот фудбалер на Челси, Ешли Кол ги испофали играчите на Челси за импресивниот настап на „Енфилд“ посочувајќи дека според него тоа било можеби и најдоброто издание од неговиот поранешен клуб.

Единствениот гол на средбата го постигна Мејсон Маунт, а избраниците на Јирген Клоп ниту еднаш опасно не се доближија до голот на Едуард Менди кој забележа уште една чиста мрежа зад своето име.

– Мислам дека тоа беше перфектен перформанс. Мислам дека покажаа многу храброст, а да се стори тоа на „Енфилд“…За мене еден од најдобрите перформанси кои сум ги видел од Челси играјќи од назад, храбро, смирено на топка.

– Потоа, очигледно цврсто се држеа до планот со топката, беа вистинска закана вечерва. Ќе научат многу од овој натпревар, нивното ниво на самодоверба ќе биде доста високо, -изјави Еши Кол

Томас Тухел како предводник на Челси победи на три дерби пресметки со идентичен резултат, 1:0, против Тотенхем, Атлетико Мадрид и сега Ливерпул, а Кол смета дека тоа се должи на германскиот стил кој го наметнал новиот стратег на клубот.

– Таков е германскиот стил, кога ќе те притиснат имате излез со трчање од страна. Се адаптираа на тој стил многу бргу. Тухел очигледно бил концизен за тоа што го сака од играчите. Поразличен стил од игра од тој што го негуваше Френк, а игран со истите играчи, -заклучи Кол.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни