Англија
Кол го посочи најдобриот играч во Премиер лигата: Тој постигна неверојатни голови

Поранешниот англиски репрезентативец Џо Кол го посочи играчот кој според него е најдобар во актуелнава сезона во Премиер лигата.
Во најдобрата фудбалска конкуренција на островот има мала пауза во моментов, па ова секако е добар момент да се издвојат некои работи, да се каже кој е фудбалерот кој го има одбележано досегашниот дел од шампионатот.
Иако Манчестер Сити е прв за Кол играчот кој е број еден доаѓа од друга екипа и тоа е Мохамед Салах од Ливерпул.
-Пред неколку недели мислам дека рековме Бернардо Силва. Но тоа може да биде само еден човек, според мене. Мислам дека е најдобриот играч во светот во моментов и тоа е Мо Салах. Тој има четири недели одмор за играње во Африканскиот куп на нации, но тој сè уште е на врвот на листата на стрелци. Го сакам, апсолутно го сакам.
-Мислам дека никој никогаш нема да му се доближи на Меси кога беше на највисоко ниво. Мислам дека ќе помине долго, долго време пред да видиме такво ниво, но тој е најблиску што сум го видел во моментов. Колку долго може да го одржи ова… некои од головите што ги постигна се неверојатни, -истакна Кол.
-
Англијапред 13 часа
Сити беше на колена, па за пет минути направи чудесен пресврт и ја одбрани титулата во ПЛ (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 24 часа
Играч на Реал го „поздрави“ Мбапе: Да се биде дел од Мадрид е привилегија која не може секој да ја има!
-
Македонијапред 23 часа
Давидовски ќе стартува прв во Франција: Имам доверба во тимот!
-
Македонијапред 11 часа
Давидовски по триумфот во ТЦР Европа: Знаев дека победата е на дофат!
-
Италијапред 11 часа
Ибрахимовиќ во елемент: Излезе да слави титула со пура и шампањ (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 21 час
Последната објава на Бензема предизвика лавина од реакции: Карим изневерен од Мбапе (Видео)
-
Светпред 19 часа
Класа потег: Иџе и Вуков први му честитаа на Давидовски за историскиот успех (Фото)
-
Францијапред 19 часа
Лизаразу во неверица: Мбапе фрли на колена една земја и најголемиот клуб во светот!