Поврзете се со нас

Свет

Кол ги избра тројцата најдобри напаѓачи на светот, двајца не играат во Европа

Објавено

на

Енди Кол своевремено беше еден од најдобрите, најквалитетни англиски напаѓачи, играч кој во сезоната 1993/1994 беше и Златна копачка во Англија за да потоа крунута дојде како член на Манчестер Јунајтед каде освои многу пехари на домашната сцена, но и трофејот во Лигата на шампионите.

Кол многу добро знае како се „матираат“ противничките голмани и екипи, па тој за „ЕСПН“ одговараше на интересни прашања од кои едно беше за тоа кои се најдобрите напаѓачи во светот, поточно требаше да избере топ три голгетери.

Поранешниот англиски репрезентативец даде интересен одговор затоа што не ги спомена ниту Халанд, ниту Кејн, односно тој го сврти прашањето во друг правец и ги издвои Роберт Левандовски, Карим Бензема и Кристијано Роналдо, но секако со дообјаснување дека зборува за нив кога беа во самиот врв, најдобрите нивни форми.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни