Кокшаров: За жал ова е нашата реалност, кога ќе бидеме комплетни ќе напредуваме во ЛШ

vardar aplauz

Македонскиот првак Вардар не успеа да се избори за позитивен резултат и загуби од Веспрем со 38-29 на денешниот меч во Лигата на шампионите.

„Црвено-црните“ имаат многу проблеми со повредени играчи и едноставно не можат да бидат рамноправни, конкурентни со најголемите ривали во групата Б, па по средбата во СЦ „Јане Сандански“ тренерот Едуард Кокшаров едноставно призна дека во моментов ова е реалноста, односно дека очекуваат ситуацијата да бида поинаква во вториот дел од сеозната кога ќе се вратат сите играчи.

-Не би сакал многу да зборувам, чеситики до Веспрем за победата и коректната игра. За жал, во овој момент ова е нашата реалност, имаме многу повредени играчи. Го чекаме вториот дел од сезоната, да ни се вратат повредените играчи, да бидеме комплетни, спремни за напредок во ЛШ, -истакна Кокшаров.

Следната средба за европскиот шампион е на 5 февруари против Кил на гостински терен.

Facebook Коментари