Кокшаров посочи зошто му е драга победата над Војводина

koksarov

Екипата на Вардар одигра сосема две различни полувремиња, но и така успеа да дојде до славје на гостувањето кај Војводина во Нови Сад во рамките на СЕХА лигата.

„Црвено-црните“ го одиграа овој натпревар без Кугис, Стоилов, Криштопанс, Дисингер, Горбок и Шишкарев, а ова дефинитивно се почуствува во првиот дел во кој домаќинот леташе и обезбеди предност од 20-16.

Меѓутоа по паузата се сменија работите, актулениот шампион заигра на далеку повисоко ниво, играше цврсто во одбраната, квалитетно во нападот и се избори за триумф од 35-33.

-Не игравме добро, особено во првото полувреме. Војводина се добар тим и тие постојано напредуваат, затоа моравме многу да трчаме. Натпревар со висок ритам. Дојдовме без многу играчи и драго ми е што победивме со многу момци кои обично не играат толку многу, -истакна тренерот Едуард Кокшаров.

Facebook Коментари