Кокшаров: По завршувањето на овој дел од сезоната ќе го решиме тренерското прашање

koksharov

Тимот на Вардар се уште има обврски во оваа календарска година и тоа во рамките на СЕХА лигата каде треба да одигра уште два натпревари со Татран Прешов и Нексе.

Првиот од нив е во понеделник од 20:15 часот и ќе биде последен за „црвено-црните“ во оваа 2019 во СЦ „Јане Сандаски“. Целта е да се победи и да се обезбеди првото место во групата А.

-Ние ја исполнивме целта и обезбедивме пласман во четвртфиналето. Ама нашата цел беше и да бидеме први во групата, имаме уште две средби и потребно е да освоиме три бода. Мислам дека тоа можеме да го направиме. Тоа е нашата цел и очекувам да ја исполниме, -истакна тренерот Едуард Кокшаров.

Во однос на тоа дали тој и понатаму ќе го води клубот, односно и во вториот дел од сезоната Кокшаров одговори:

-Прво да заврши овој дел од сезоната, па потоа ќе седнеме со претседателот да донесеме решение. Ќе ги решиме сите прашања, меѓу кои и за тренерското место, -рече Русинот.

 

Facebook Коментари