Кокшаров: Имаме само по еден играч по позиција, оние што се подготвени…

koksarov

Вардар со дуелот против Веспрем во СЦ „Јане Сандански” ќе го заокружи настапот за оваа календарска година во Лигата на шампионите, меч за кој „црвено-црните“ се соочуваат со доста проблеми со играчкиот кадар, но без разлика на се тие што ќе бидат подготвени ќе го дадат максимумот.

Тренерот Едуард Кокшаров не сека да бара изговори, но дефинитивно фаворитската улога му ја препушта на унгарскиот прволигаш.

-Нема смисол постојано да зборуваме за тоа дека не сме комплетни. Тие што се подготвени за игра ќе го покажат најдоброто и пред наша публика да обезбедиме добар резултат. Мечот трае 60 минути, ние имаме само по еден играч по позиција кој може да игра во одбрана. Кога ќе почнеме да правиме ротираме, може да имаме проблеми. Дисингер и Кристопанс ни испаднаа од игра и не можеме да создадеме 6-0 одбрана. Исто така голманите не се во форма. Можеме да измислиме друга одбрана која има повеќе прекршоци и прекини за помалку шутеви на гол, меѓутоа тоа не може да се случи преку ноќ. Едноставно не можеме да ставиме во одбрана играчи кои не играле на таа позиција. Сите ракометари даваат сè од себе, -вели Кокшаров.

Facebook Коментари