Кокшаров: Целта ја остваривме, сакавме да…

vardar

Составот на Вардар успеа со пресврт во вториот дел да слави над Татран Прешов со 28-26 во последниот домашен меч за оваа година во СЕХА лигата.

Со ова „црвено-црните“ го потврдија првото место во групата, односно тоа ќе им донесе да го прескокнат осминафиналниот меч и директно да се пласираат во четврт-финалето.

-Сакавме да им дадеме шанса на играчите кои не играат толку многу, но одлучивме второто полувреме да го започнеме со најдобрите играчи. Целта беше да ги освоиме трите бода и тоа го направивме. За вториот дел од сеозната ги чекаме нашите повредени играчи да се вратат и комплетни да бидеме подготвени за во СЕХА лигата и ЛШ, -истакна тренерот Едуард Кокшаров.

Последниот предизвик за македонскиот првак во 2019 година е дуелот со Нексе во Нашице на 15 декември.

Facebook Коментари