Кокшаров: Aко треба ќе играме и со голмани на бековската позиција, само да победуваме

koksharov

Вардар иако се соочува со доста проблеми со повреди забележа победа над Мотор Запорожје во СЕХА лигата од 44-37 со што сега „црвено-црните“ се лидери во групата со три бода повеќе од украинскиот првак на три кола до крај на регуларниот дел од сезоната.

Токму по оваа средба во СЦ „Јане Сандански“ интересна изјава даде тренерот Едуард Кокшаров за повредите, проблемите  и  следните предизвици притоа порачувајќи дека ќе се направи се за да се дојде до позитивен резултат.

– И пред средбата кажав дека имаме планови и сакавме малку да одмориме некои од играчите. Ама противникот покажа добра игра и 40 минути моравме да ги држиме главните играчи на терен. Од бековската линија ни остана само Скубе. Моравме одново со крилни играчи да играме на бековските позиции. Сепак ситуацијата е таква како што е и сега фокусот е на Кјелце. Не знаеме што ќе се случува на реваншот, Кристопанс можеби ќе биде спремен, ама неизвесен еДисингер. Ама ние нема да запреме без разлика на составот и ако треба ќе играме и со голмани на бековската позиција, важно е да победуваме, -изјави Кокшаров.

Facebook Коментари