Поврзете се со нас

НБА

Кокошков си замина од Фенербахче, повторно ќе соработува со Дончиќ

Објавено

на

Српскиот кошаркарски стратег, Иван Стефан Кокошков повеќе не е предводник на турскиот великан Фенербахче.

Кокошков одлучи по само една година да си замине од Истанбул и одново да се врати во НБА лигата каде што го мина најголемиот дел од досегашната кариера. Имено информациите говорат дека Србинот оди во Далас Маверикс каде ќе му биде помошник на Џејсон Кид, а тоа значи дека повторно ќе соработува со Лука Дончиќ.

Кокошков имаше извонреден однос со Лука додека ја водеше репрезентацијата на Словенија со тоа што врвот беше пехарот на ЕП во 2017 година.

Инаку Игор досега најмногу беше ангажиран како асистент во клубовите во НБА, едиствениот главен ангажман го имаше во Феникс Санс, ама таа соработка траеше само една година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни