Поврзете се со нас

Свет

Кокошков ќе заработи отказ, Србите го враќаат селекторот кој им донесе две злата на големите натпреварувања

Објавено

на

Репрезентацијата на Србија не обезбеди билет за Летните Олимписки Игри во Токио иако беше домаќин на квалификацискиот турнир во Белград.

Србите во завршниот меч загубија од Италија што секако беше голем шок за нив со оглед на тоа што веруваат дека сигурно ќе одат во Јапонија и ќе се вмешаат во борбата за медали. Ова секако го стави под дополнителен притисок селекторот Игор Кококшков кој како што стојат работите има многу мали шанси да остане на оваа фукција.

„Спортски Журнал“ пренесува дека Кокошков ќе се замине, а налседникот ќе се бара меѓу три имиња Светслав Пешиќ, Александар Ѓорѓевиќ и Саша Обрадовиќ. Најреална опција е искусниот Пешиќ да го преземе националниот тим што за популарниот Кари би значало враќата на местото каде имаше одлични успеси во минатото.

Светислав како предводник на Србите им донесе злата на ЕП во 2001 и на СП во 2002 година. Ова како и се што има направено во кариерата е доволно за Пешиќ за да седне на клупата на српската репрезентација која располага со силен и моќен тим за највисоки дострели.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни