Кокошков е свесен дека мора да го напушти кормилото на Словенија: Причината е новиот календар на ФИБА

Kokoshkov

Штотуку го направи невозможното за Словенија и сега си оди.Селекторот на кошаркарската репрезентација на Словенија Игор Кокошков поради сериозна ситуација која нема никаква врска со него, но, е поврзана со календарот на натпревари нема да ја предводи селекцијата на Словенија во квалификациите за Светското првенство во Кина. Причината е тивката ,,војна” меѓу ФИБА и Евролигата и новиот календар на ФИБА за квалификации кој по ново ќе биде во период од ноември 2017 и февруари 2018 година. Кокошков е асистент тренер во НБА екипата на Јута Џез, а сезоната во тој период е во пон ек и тешко дека ќе може да биде на два фронта. Тој само кратко изјави:

– Новиот календар прави да нема теоретски шанси да ја водам Словенија.Тоа е сериозен  проблем и многу поголем од тоа дали јас продолжам да ја водам Словенија, – кратјо изјави првиот стратег на Словенија.

Facebook Коментари