Кокорин и Мамаев добија зелено светло да го напуштат затворот

kokorin-mamaev

Руските фудбалери Александер Кокорин и Павел Мамаев ќе бидат ослободени од затвор, каде изминатиов период ја одработуваа казната поради физичко насилство и хулиганизам.

Некогашните репрезентативци на својата земја физички нападнаа неколку лица и им нанесоа сериозни повреди, поради што добија 18-месечнa, односно 17-месечна затворска казна. Сепак, нивното барање за ослободување било прифатено од Судот во Белгород, по што Кокорин и Мамаев најавија дека веднаш ќе им се вратат на фудбалските кариери.

Фудбалерите беа во затвор од мај, а прашање е кој од клубовите ќе сака да им даде нова шанса, со која ќе се обидат да го поправат впечатокот во јавноста. Кокорин пред да заврши зад решетки беше член на Зенит, додека Мамаев го носеше дресот на Краснодар.

Facebook Коментари