Кокорин излезе од затвор и веднаш пронајде ангажман

kokorin1

Само еден ден откако го напушти затворот, рускиот фудбалер Александер Кокорин веќе пронајде ангажман, односно клуб за кој ќе настапува барем до крајот на сезоната.

Се работи за рускиот клуб Зенит кој фактички го врати Кокорин во своите редови, бидејќи беше негов последен тим во моментите кога фудбалската ѕвезда доби затворска казна.

Кокорин и неговиот пријател Павел Мамаев завршија во затвор поради физичко насилство и хулиганизам, но нивните казни иако беа на 18, односно 17 месеци, судот ги укина по околу 4 месеци. Вториот поранешен руски репрезентативец Мамаев барем засега нема обезбедено ангажман.

Facebook Коментари