Поврзете се со нас

ВТА

Коко Гоф не можеше да поверува колку пари заработи со освоениот трофеј во Ријад (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/WTAFinalsRiyadh

Неполн ден пред да стартува завршниот Мастерс турнир во машка конкуренција, на програмата беше големото финале на ВТА турнирот во Ријад, а таму вчера како подобра испадна Коко Гоф во финалето со Кинвен Женг.

Саудиска Арабија оваа година ги пречека најдобрите осум тенисерки на денешницата, а шампионката од Америка си замина од Ријад со историски чек за која и самата не беше свесна.

Поради освоената титула и четирите остварени победи во Ријад, Коко инкасираше неверојатни 4,8 милиони долари, што е убедливо најголемата награда во историјата на женскиот тенис.

Гоф не беше свесна за висината на чекот кој го доби за цела натпреварувачка недела во Ријад, па откако дозна од новинарите, самата даваше одговори во неверица.

– Не знам што ќе правам со толку пари, тоа се многу пари…. Колку рековте дека добивам? 4,8 милиони долари. Сигурна сум дека со ова ќе бидам една од најплатените оваа година. Тоа е огромна сума на пари, голема награда, но јас не играм тенис поради тоа. Не бев свесна за висината на наградата, – изјави Гоф.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни