Коклан му покажа на цел свет кој е најефективниот начин за сопирање на Меси (Видео)

koklan-mesi

Лионел Меси немаше свој ден на „Месталја“ и покрај тоа што беше единствениот играч на Барселона кој се обидуваше да направи разлика во нападот, но мора да се напомене дека Аргентинецот немаше воопшто лесна задача, бидејќи Валенсија одигра крајно интелигентно на тактички план.

Селадес се одлучи за стратегија со двајца играчи за врска со дефанзивен карактер, па така токму Франсис Коклан и Жофри Кондогбија имаа навистина огромна обврска на средината на теренот, а дефинитивно клучна работа беше да го неутрализираат Лео Меси. Во тоа максимално успеаја бидејќи Валенсија го доби дербито со 2:0, а непосредно по првиот гол на домаќините, Коклан на цел свет му покажа кој е најефективниот начин за сопирање на Меси, такашто не бираше средства да го задржи на средината на теренот.

Facebook Коментари