Поврзете се со нас

АТП

Кокинакис: Ѓоковиќ има огромна поддршка, ќе направи шоу во Австралија

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ по пауза од една година одново ќе може да игра на Австралија Опен, турнир кој е негов омилен кога е во прашање грен слем сцената.

Србинот има девет триумфи во Мелбурн, поточно има можност да заокружи убава приказна со „десетка“, нешто што навистина ретко се случува на најголемите турнири. Танаси Кокинас очекува шоу на Новак, шоу во кое улога ќе имаат и неговите фанови кои ги има во голем број.

-Не е изненадување што Новак овде има толку многу фанови. Србите го сакаат и секогаш се со него. Ѓоковиќ има огромна поддршка од навивачите во Австралија. Добро поминуваше на Австралија Опен. Сигурно е дека би можеле повторно да го гледаме шоу на Ѓоковиќ, но има многу способни играчи кои можат да ја освојат титулата, -порача Кокинакис.

АО започнува на 16 јануари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни