Поврзете се со нас

Шпанија

Коке за инцидентот на дербито: Играчите мора да бидат паметни…

Објавено

на

foto: x.com/marca

Атлетико и Реал Мадрид ги поделија бодовите играјќи 1-1 во тензичното шпанско дерби во кое се случија многу работи меѓу кои и инцидент, прекин во второто полувреме.

На „Ванда Метрополитано“ немаше фудбал 15-20 минути и тоа откако голманот Тибо Куртоа влезе во клинч со домашните фанови кои фрлаа со запалки и други работи по него по што судијата ги испрати двете екипи во соблекувалните за да се смират страстите.

По кратката пауза актерите се вратија на теренот, Атлетико подобро се снајде затоа што со голот на Кореа во судиското продолжение избегна пораз на ова соочување.

Останува да се види каква санкција Атлетико ќе заработи како домаќин за вчерашните случувања, а во меѓувреме свој став за ситуацијата даде тренерот на домаќините Чоло Симеоне, но и капитено Коке кој порача:

Симеоне побара казна за провокаторот Куртоа: Не треба да ги исмевате луѓето (Видео)

-Тоа беше тензичен момент. Меѓутоа ова не може да се случи на фудбалски терен. Ние сме професионалци и мораме да знаеме каде сме и да бидеме паметни, но други инциденти не можат да се случат. Играчите мора да бидат паметни. Протоколот вели дека доколку инцидентот се повтори, натпреварот ќе биде завршен, -истакна Коке.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни