Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Коке со сурово искрена изјава по разочарувачката елиминација на Атлетико

Објавено

на

blank

Атлетико Мадрид ја воодушеви фудбалската јавност со херојското издание кое го имаше на „Енфилд Роуд“ и елиминацијата која му ја нанесе на европскиот првак Ливерпул во осминафиналето, но неколку месеци подоцна, играчите на Диего Симеоне многу брзо ги спакуваа куферите на завршниот турнир во Португалија.

Градот Лисабон очигледно не им носи фудбалска среќа на играчите на Атлетико, бидејќи по болниот пораз од Реал Мадрид во финалето пред неколку години, сега следеше нова непријатна и шокантна елиминација, и тоа во ситуација кога „душекџиите“ се сметаа за апсолутни фаворити.

Атлетико не го оправда таквиот статус на теренот и во најголем дел од мечот беше надигран од Лајпциг, тим кој оствари историски успех со пласманот во полуфиналето во најелитното натпреварување.

По крајот на мечот кој заврши 2:1, Коке беше запрашан дали фудбалот е суров кон Атлетико Мадрид кога се отвори нова убава прилика за пласман во завршницата, по што следеше максимално искрен одговор од капитенот.

– Дали е фудбалот суров кон нас? Не може да се каже тоа вечерва. Тие беа подобри од нас цел меч. Беа побрзи, попаметни, влегоа со поголем интензитет во секој дуел. Затоа треба да им честитаме, а ние да анализираме и да размислиме што направивме погрешно.

– Имавме голема страст за овој завршен турнир, верувавме дека можеме далеку, но ќе мора да се подигнеме од ова. На теренот некогаш работите не излегуваат како што очекувате, а ние пропуштивме шанса да се бориме за трофејот во Лигата на шампионите, – изјави Коке.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни