Која е тајната: Сане откри зошто сезонава блеска во дресот на Сити

sane

Германскиот репрезентативец, Лерој Сане сезонава игра како препороден во дресот на Манчестер Сити и е еден од најзаслужните што клубот од „Итихад“ има извонредни резултати во сите натпреварувања.

Неговите настапи се сосема спротивни од оние од претходната сезона, а тајната за тоа е советот кој му го дал менаџерот Пеп Гаврдиола.

-Ми требаше време да се прилагодам, да ја запознаам Премиер лигата, луѓето и да ги запознаам играчите. Морав да ја пронајдам самодовербата. Пеп ми кажа да играм со слобода како Меси, не како Меси зотоа што тоа е невозможно. Биди слободен како Меси, забавувај се, прави работи што ги сака напаѓачот блиску до голот, искористи ја можноста да шутираш или да асистираш, -вели Сане.

Германецот досега има дадено 9 погодоци, ефект кој го имаше лани на крајот на сезоната.

Facebook Коментари