Кој си знае, си знае: Сидорф со магичен допир ги воодушеви резервистите на Депортиво (Видео)

clarence

Кларенс Сидорф имаше импресивна играчка кариера во која беше дел од најголемите европски гиганти како Ајакс, Милан, Интер и Реал Мадрид, но сега славниот Холанѓанец е пред нов предвизвик, ново докажување како тренер.

Тој пред два месеци го презема шпанскиот прволигаш Депортиво Ла Коруња и има задача да го обезбеди опстанокот. Тоа е тешка мисија и клубот од Галиција на шест кола до крајот има пет бода помалку од последниот состав кој е над црвената линија-Леванте на нашиот Енис Барди.

Меѓутоа добра вест за некогашниот шпански шампион е што ја крева формата, а доказ за тоа се двете победи во низа над Малага и Атлетик Билбао. На таа втора средба против баскијците еден одличен потег во свој стил имаше Сидорф кој покажа зошто е класа, па со магичен допир ја смири топката и ги импресионираше играчите кои беа на клупата за резерви.

Facebook Коментари