Кој си знае, си знае: Картер на 42. години го измеша противникот и му даде тројка во лице (Видео)

vince

Винс Картер ја игра својата последна, завршна сезона во НБА лигата, но и на 42 години (следниот месец ќе го прослави 43 роденден) знае да потсети на своите најдобри партии, а така беше на средбата против Шарлот Хорнетс каде за 20 минути реализираше 17 поени со 1 скок и 2 асистенции.

Притоа ветеранот имаше и еден мајсторски потег со кој потврди дека класата е вечна, односно во случајот му одржа вистинска лекција на 21 година помладиот Пи-Џеј Вашингтон (12 пик на последниот драфт). Картер го измеша Вашингтон и потоа му заби тројка во лице.

Facebook Коментари