Поврзете се со нас

Англија

Кој можеше да претпостави: Мегваер ќе биде прогласен за играч на месецот во Премиер лигата

Објавено

на

foto:twitter.com/ManUtd

Хари Мегваер имаше многу тежок период од почетокот на сезоната, но не само што се врати во првите единаесет на Манчестер Јунајтед, туку ќе стигне и до признанието за играч на месецот во Премиер лигата.

Засега неофицијално, англиските медиуми тврдат дека Мегваер ќе биде крунисан за играч на месецот, што секако е значаен пресврт во однос на досегашните проблеми, па и исмејувањето на фановите за неговите настапи.

Во ноември, Јунајтед победи без примен гол на три натпревари, а на тие средби против Фулам, Лутон и Евертон, Мегваер беше столб на одбраната на „црвените ѓаволи“.

Во конкуренција за признанието беа и Доку од Сити, Гордон од Њукасл, Стерлинг од Челси, Таверние од Борнмут и Камински од Лутон.

За Мегваер ова ќе биде првпат како го освојува признанието, а последен пат му припадна на играч на Јунајтед во февруари (Маркус Рашфорд).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни