Кој со кого ќе се соочи: Познати се двојките за четврфиналните битки на Истокот и Западот (Фото)

larry o'brien trophy

Рано утрово се одиграа последните натпревари од регуларниот дел во НБА лигата, по што го добивме костурот и паровите за разигрувањето на титулата.

Со оглед на двојките едно е сигурно, не очекува неизвесна и фантастична завршница како на Западот така и на Истокот, па се до големото финале. Екипата на Хјустон во оваа сезона имаше најдобар учинок во лигата, во својата конференција и во првата рунда ќе се соочи со Минесота Тимбервулвс, состав кој по пауза од 14 години се враќа во плеј-офот.

Бранителот на трофејот Голден Стејт ќе излезе на мегдан со секогаш незгодниот Сан Антонио предводен од Попович. Портланд ќе се соочи со Њу Орлеанс, додека Ветсбрук и Оклахома ќе им се спротистават на Мичел, Рубио, Гобер и Јута Џез.

На Истокот Торонто како првопласиран ќе се соочи со Вашингтон Визардс, Кливленд и Леброн Џејмс ги очекува тешка задача против Индијана, додека Мајами ќе и се спротистави на Филаделфија, а пак Милвоки ќе налета на Бостон.

Facebook Коментари