Англија
Кој ќе го преземе Евертон? Две англиски легенди се во игра да го наследат Бенитез

Англискиот прволигаш Евертон се одлучи да се раздели со менаџерот Рафаел Бенитез откако екипата загуби од Норич со што само се заокружи серијата на лоши резултати кога е во прашање Премиерлигата.
Управата на „карамелите“ сега бара нов предводник, а додека трае таа потрага привремено работата ќе ја преземе Данкан Фергусон. Во меѓувреме медиумите излегуваат со информации за тоа кој би можел да седне на „жешкото столче“, а во игра се четири имиња.
Во јавноста веќе излегоа вести за Роберто Мартинез и Нико Ковач, додека останатите два кандидати се Вејн Руни и Франк Лампард. Според „Дејли Мејл“ двете легенди ќе добијат повик и ќе се направи интерву со нив со што дефинитвно се во игра да добијат шанса на „Гудисон Парк“.
Лампард е слободен агент откако минатата сезона заработи отказ од Челси, а кога е во прашање Руни тој е врзан со Дерби Каунти, тим со кој бележи позитивни резултати ако се земе целата ситуација со клубот.
Вејн е екс играч на Евертон, има посебна врска со навивачите и неговото доаѓање дефинитивно би било дочекано со големи аплаузи, очекувања во сината страна на Ливерпул.
Евертон со 19 бода е на 16. место на табелата.
-
Францијапред 23 часа
Премиерлигаш се обидел да ја искористи „битката“ на ПСЖ и Реал за Мбапе
-
Италијапред 24 часа
Сари: Милинковиќ-Савиќ нема да оди во Јувентус
-
Италијапред 20 часа
Ди Марија му рекол „да“ на најзагреаниот клуб за неговиот потпис
-
Англијапред 17 часа
Фердинанд: Јунајтед е еден од најлошите клубови во светот за испраќање легенди!
-
Лига на шампионипред 20 часа
Чеферин со најава за големото финале во ЛШ: Реал има слаба одбрана, но девет животи!
-
НБАпред 23 часа
Голем скандал: НБА играч и се заканувал со пиштол на својата партнерка
-
Светски првенствапред 13 часа
Преседан во најава: Италија може да игра на Мундијалот, тоа го најави висок спортски работник од оваа земја
-
Шпанијапред 23 часа
Куман и Лапорта се сретнаа првпат по отказот, средбата потврди колку се „почитуваат“ (Видео)