Поврзете се со нас

Шпанија

Кој ќе го наследи Начо? Познато е кој ќе биде новиот капитен на Реал

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Начо Фернандес одлучи да ја заврши етапата во Реал Мадрид со тоа што веќе е позната и следната дестинација која ќе биде Саудиска Арабија.

Богатата понуда од Ал Кадсија не се одбиваше, па дефанзивецот ќе започне нова фудбалска приказна, прва надвор од својата татковина.

Ова воедно значи дека Реал за кратко време останува без уште еден влијателен, важен играч во соблекувалната со оглед на тоа што претходно крај на кариерата најави Тони Крос. Секако шпанскиот великан и понатаму има искусни фудбалери, па веќе е одлучено кој ќе ја наследни капитенската лента од Фернандез.

„Кадена Копе“ пренесува дека таа улога ќе ја има Лука Модриќ, додека заменици ќе бидат Дани Карвахал и Лукас Васкез.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни