Поврзете се со нас

Шпанија

Кој е подобро засилување? Лунин избра меѓу двете големи трансфер желби на Реал

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Андриј Лунин едно време беше на излезна врата од Реал Мадрид, но тешката повреда на Тибо Куртоа отвори нова можност за него и многу често го гледаме на голот на „кралевите“ во актуелнава сезона.

Актуелниот договор му завршува во јуни 2025 година и останува да видиме дали ќе остане во оваа средина по крајот на оваа сезона во која со добри настапи сигурно ќе може да си ја зголеми цената на пазарот.

Украинецот имаше еден интересен разговор за „Ел Чирингито“ во кој имаше можност да избере меѓу две големи имиња кои се посакувани во Реал, а тоа се Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе.

-Како деветка, тоа е Ерлинг Халанд, -одговорил голманот.

Халанд е под договор со Манчестер Сити и Реал би морал да плати огромна сума на пари, додека Килијан ќе биде слободен фудбалер по месец јуни кога му завршува договорот со ПСЖ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни