НБА
Кој е најдобар: Џонсон направи кратка анализа и посочи која е разликата меѓу Џордан и Леброн
Славниот ас на Лос Анџелес Лејкерс, Ирвин „Меџик“ Џонсон внимателно ги следеше сите епизоди од документарецот „Последниот танц“, а по истиот доби задача да направи споредба меѓу Мајкл Џордан и Леброн Џејмс, односно да даде одговор за тоа кој е најдобриот играч на сите времиња.
За Џонсон нема дилеми и тоа е Ем-Џеј, но според него воопшто не треба да се заброави на Леброн затоа што неговото патување, активна приказна се уште не е завршена.
– Како прво, ајде ништо да не му одземема на Леброн Џејмс. Затоа што Леброн е одличен кошаркар и еден од најголемите на сите времиња. Кога размислувате за комплетен играч тогаш веројатно тој е најдобар. Ама кога ќе сакате да кажете кој е најголемиот? Се уште е Мајкл Џордан.
-Сега поглавјето на Џејмс сè уште не е затворено, нели? Тој сè уште има кошарка за играње. Па можеби тој има шанса да фати го стигне Џордан ако успее да освои уште неколку титули.
-На крајот на денот, обајцата се одлични. Тие ја играа играта на вистински начин. Тие ги направија своите соиграчи подобри. Тие освоија титули. И фала му на Бога за Леброн, затоа што сега порани него гледаме.
-Ова е негово време. Ова е неговата ера. И тој доминира во оваа ера и во своето време, -порача Џонсон.
-
Шпанија10 часа
Анчелоти обелодени каква била реакцијата на Перез и посочи што најмногу го повредило од елиминацијата во ЛШ
-
НБА10 часа
Дејвис направи „бунар“ и се пожали на повреда, камерата се сврте кон човекот кој се откажа од Дончиќ (Видео)
-
Лига Европа24 часа
Мегваер за победата на Јунајтед: Ова беше најчудниот, најлудиот…(ВИДЕО)
-
Лига на шампиони12 часа
Ханси Флик обелодени каков впечаток му оставил Интер и издвои еден играч: Едвај чекам да го видам
-
Англија11 часа
Откако не се докажа и под водство на Слот: Ливерпул чека понуди за најскапиот играч во својата историја
-
НБА13 часа
Дончиќ откри дека го искршил својот телефон откако дознал за трејдот во Лејкерс, покажа и како изгледа (Видео)
-
Лига на шампиони7 часа
Фердинанд има фаворит за пехарот во ЛШ: Тие ќе бидат шампиони
-
Шпанија5 часа
Нов инфаркт меч меѓу Барселона и Селта Виго: Каталонците со луд пресврт до голема победа на „Монжуик“ (ВИДЕО)