Поврзете се со нас

НБА

Кој чека, ќе дочека: После 14 години, доби шанса за настап на НБА Ол стар

Објавено

на

blank

НБА Ол стар викендо ќе се одржи во уникатни и поинакви услови од било кога поради пандемијата со коронавирусот, а во пресрет на големото случување, пристигна уште едно официјално откажување.

Кевин Дурент кој е капитен на едниот тим нема да настапи поради повреда, а истото важи од денеска и за Девин Букер кој го отстапи своето место на некој од колегите.

Спектаклот во Атланата ќе биде пократок за фантастичниот шутер на Феникс Санс, но на негово место дочека шанса кој цели 14 години е дел од НБА лигата.

Плејмејкерот на Јута Џез, Мајкл Конли ќе го замени бекот на „сонцата“ на претстојниот натпревар на ѕвездите и со тоа ќе го запише својот прв настап на еден НБА спектакл.

Оваа година, Ол стар викендот се одржува во Атланта, а Леброн и Дурент вчера ги соопштија стартните петорки.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни