Кој би поверувал: Врачеви против Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на Дејвис Купот

novak-rg-2015

Јаник Ноа, селекторот на тениската репрезентација на Франција, во престојниот натпревар со Србија, во полуфиналето на Дејвис Куп, даде интересна изјава.

– Се надевам дека Ѓоковиќ нема да дојде на натпреварот со нас. Септември е далеку, ама знам дека играше добро во првите две фази, меѓутоа ако дојде, ни останува само да ангажираме врачеви. Искрено, воопшто не ме интересира дали ќе дојде. Ние мораме да бидеме подготвени и верувам дека ќе се пласираме во финалето , – истакна Ноа.

Полуфиналниот дуел меѓу Франција и Србија ќе се одржи во периодот од 15 до 17 Септември, а Франција последен пат го освои Дејвис Купот во далечната 2001 година.

Facebook Коментари