Кои состави се најпосетени и имаат најредовни навивачи: Ранг листа на гледаност на клубовите во Премиер лигата

w_ham

Екипата на Тотенхем по втор пат во два месеци постави рекорд по посетеност на своите мечеви во Премиер лигата, па откако пресметката со Манчестер Јунајтед ја гледаа 81,978 гледачи, средбата против Арсенал ја следеа во живо на трибини 83,222 посетители.

Меѓутоа со оглед на тоа што капацитетот на „Вембли“ е 90.000 гледачи Тотенхем е далеку од врвот кога ќе се земе во предвид просечната посетеност на неговите домашни мечеви во актуелнава кампања.

„Токспорт“ со помош на „SoccerStats“ направи листа на сите клубови во ПЛ во поглед на посетеноста и Тотенхем е на дното со оглед на тоа што пополнува само 75 проценти од вкупниот капацитет на „Вембли“

Листа:

1.Вест Хем-капацитет 57 000 седишта( просечна исполнетост на трибините 99.8 проценти)
2. Челси-капацитет 41 841 (99,2 проценти)
3. Манчестер Јунајтед-капацитет 75 731, Њукасл-капацитет 52 404 (99 проценти)
5. Брајтон-капацитет 30 750 (98,7 проценти)
6. Арсенал-капицетет 60 355 (98,4 проценти)
7.Ливерпул-капацитет 54 074 (98,3 проценти)
8. Хадерсфилд-капацитет 24 500 (98,2 проценти)
9.Свонси-капацитет 20 938 (98,1 проценти)
10. Манчестер Сити-капацитет 55 098 (98 проценти)
11. Евертон-капацитет 39 600 (97,8 проценти)
12. Стоук-капацитет 29 876 (97,7 проценти)
13. Лестер Сити-капацитет 32 500 (97 проценти)
14. Кристал Палас-капацитет 25 804 (96,5 проценти)
15. Вотфорд-капацитет-капацитет 21 577 (93.4 проценти)
16. Саутемптон-капацитет 32 689 (93.4 проценти)
17. Бурнмаут-капацитет 11 464 (92.7 проценти)
18. ВБА-капацитет 26 850 (92.1 проценти)
19. Барнли-капацитет 22 546 (91,1 проценти)
20. Тотенхем-капацитет 90.000 (75 проценти)

Facebook Коментари