Кога врне, истура: Седмица полна со добивки!

ZR milion -13

Инстант лозот „Златна рипка“ на Државната лотарија на Македонија предизвика раздвиженост во седиштето на претпријатието последните неколку дена, бидејќи просториите ги посетија повеќе добитници.

Најпрво, добитникот на една од главните премии, вредна еден милион денари. Добитникот е редовен играч на инстант лотаријата, исто така и верен играч на „НовоЛото 7/34„, кој на продажното место во Велес купил два лоза кои решил да ги изгребе дома заедно со својата сопруга. Едната ја изгребал тој, а втората –добитната ја изгребала неговата сопруга. Бројот 13 од полето „Добитни Броеви“ го пронашле и во полињата означени како „Твои броеви“ , а кога ја изгребале и сумата која им носела 13-ката возбудата почнала да расте. Во неверување својата добивка најпрво ја проверила во нивното среќно место , а потоа ги посетија и просториите на ДЛРМ.

Веднаш по него, пристигна и добитникот на 20.000 денари од инстант лозот „Златна рипка“. Повторно станува збор за редовен играч , кој во центарот на Струмица купил лоз со добивка од 20.000 денари.

Но, добивките од „Златна рипка“ не застанаа тој ден. Уште една добивка од 20.000 денари замина овој пат за Битола, кај играчот И.Д. кој купил 5 инстант лозови, а токму петтиот од нив му донел добивка вредна 20.000 денари. Следниот добитник ни пристигна од Штип со добивка вредна 30.000 денари. Снежана Гулиќ од својата сосетка добила подарок инстант лоз кој и донел добивка од 300 денари, од кои пак купила уште две „Златни рипки“. Едната од нив и донела 30.000 денари . Ова е првата поголема добивка која ја добива.

Добивката од 50.000 денари на инстант лозот „Златна рипка“  замина во скопска Кисела Вода, кај Бобан Боцевски од Скопје кој прв пат купил лоз. Во изборот му помогнал неговиот внук, кој му ја донел и добивката.

Остануваат уште многу парични добивки од инстант лозот „Златна рипка“, кој е веќе во продажба во својата втора серија . Не чекајте пронајдете ја и вие вашата , или пак израдувајте некој од своите најблиски.

Facebook Коментари