Koга возбудата трае, АВАНТУРА со Државна лотарија на Македонија продолжува

KIA-Avantura-B2 poster Final color

Со задоволство Ве информираме дека веќе од денес , четврток 14.12.2017 година , во продажба е втората серија на инстант лозот АВАНТУРА, која можете да ја побарате во сите продажни места на Државна лотарија на Македонија, со знакот на детелинка.

Инстант лозот Авантура во својата втора серија во фондот на добивки нуди 5 (пет) автомобили Kia Sportage и парични добивки до 50.000,00 денари. Вкупниот фонд на добивки е 19.065.000,00 денари, а секој трет лоз е добитен. Добивката се дознава со гребење на малите автомобили во полето со емулзија , под што се откриваат девет полиња во кои се прикажани бројки/суми или симболи. Лозот носи парична добивка доколку во три од деветте полиња има три исти суми,а главната премија автомобил КIA SPORTAGE е остварена ако во 3 (три) од деветте полињата се откријат симболи на автомобил.

Играчите на инстант лозот ‘Авантура’ за 60 денари ќе имаат можност да добијат автомобил Kia Sportage, со сите платени давачки . По успешната прва серија од овој лоз , Државна лотарија на Македонија ја лансира втората серија во двојно помал тираж од 500 000 лозови , и со поголем фонд на добивки . Овој пат 5-те автомобили чекаат на своите нови сопственици, а автомобилите добиени од првата серија се возат во неколку градови низ Македонија. Исто така и бројните парични добивки од 40 денари до 50 000 денари ги очекуваат играчите на овој инстант лоз
Не пропуштајте ја шансата за добивка. Впуштете се во „Авантура“ и изгребете 3 (три) автомобили за главната премија Kia Sportage!

Facebook Коментари