Кога ударот од 11 метри станува уметност: „Пируета“ магија од белата точка го запали интернетот (Видео)

penal-trik1

„Паненка“ ударот дефинитивно е еден од триковите кои најчесто ги користат светските фудбалери за да ги надмудрат противничките голмани на натпреваите кои ги гледаме во различни лиги ширум светот, а без оглед на тоа што крајниот резултат не секогаш е посакуваниот, ваквите обиди предизвикуваат посебно внимание меѓу фудбалските фанови.

Финтите од белата точка секогаш привлекуваат голем интерес во светската спортска јавност, а последната која доминира на социјалните мрежи ни нуди една навистина неверојатна техника која досега не се памети. Пенал мајсторот употребува „пируета“ магија и со лажен потег го измами голманот, а оваа негова уметност брзо се рашири на социјалните мрежи и буквално го запали интернетот и виртуелниот свет на фудбалските фанови.

Facebook Коментари