Поврзете се со нас

Шпанија

Кога топката сака да влезе во мрежата: Атлетико поведе против Бетис со неверојатен автогол (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Atleti

Атлетико Мадрид им се врати на победите по трите натпревари на кои не забележа триумф, и тоа одново на домашен стадион пред своите навивачи на „Метрополитано“.

Избраниците на Диего Симеоне заслужено го победија Бетис со резултат 2:1, пред се благодарение на импресивното прво полувреме во кое постигнаа два гола, а промашија и пенал.

Начинот на кој беше отворен овој меч предизика најголемо внимание во шпанската јавност поради несекојдневниот автогол кој го видовме во шпанската престолнина, бидејќи топката удри во тројца играчи на Бетис пред да заврши зад гол-линијата.

Белјерин се обиде да ја расчисти опасноста, топката се одби во Пецелја, но од стоперот се одби во голманот Силва пред да заврши во голот.

Во продолжение, Мората погоди за 2:0 откако претходно не реализираше пенал, а во вториот дел Карвалјо со мајсторски гол ги постави конечните 2:1.

Видеото од автоголот погледнете  го ТУКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни