Поврзете се со нас

Евролига

Кога се гине на терен: Чудесната акција на Партизан со која беше најавен пресвртот во „Штарк Арена“ (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:www.facebook.com/bcpartizan

Партизан тешко се победува не негов терен и дури кога водите 24 разлика и тоа на своја кожа го почувствува Макаби Тел Авив на вчерашниот меч во Штарк Арена“.

„Црно-белите“ беа загубени во најголемиот дел од првото полувреме, но секогаш мора да се игра до крај и тоа го покажаа избраниците на Обрадовиќ кои до паузата намалија од предноста на противникот за да во вториот дел водени од публиката го комплетираат пресвртот, кам-бекот за ерупција на сите присутни во салата.

Домашните играчи дадоа се од себе, гинеа за секоја топка откако се „разбудија“, а нивниот најдобар потег, акција дојде во третиот период кога Смаилагиќ и Трифуновиќ со неверојатни реакции ја задржаа топката во поле за да на крајот Јарамаз даде кош за транс на фановите во Белград.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни