Поврзете се со нас

Свет

Кога сака, сака: Кампацо со луда тројка од преку целиот терен го отпиша Реал од завршниот турнир во Валенсија (ВИДЕО)

Објавено

на

Тимот на Реал Мадрид дефинитивно е најголемото разочарување на завршниот турнир во АЦБ лигата каде доживеа елиминација уште во групната фаза, односно тоа значи дека нема да може да ја брани титулата или подобро кажано Шпанија ќе добие нов шампион.

На последниот меч Реал одигра спортски и ја совлада Сарагоса со 97-88 и тоа во натпревар кој беше затворен на фантастичен начин со неверојатна луда тројка на Факундо Кампацо преку целиот терен. Тој ја фрли топката со една рака и истата успеа да заврши на посакуваното место, па дури и самиот беше шокиран што влезе, односно се е во ред.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни