Кога поранешните претседатели на САД ќе го украдат шоуто: Обама, Клинтон и Буш на отварањето на 12. Претседателски Куп (Видео)

Pretsedatelski kup

12.Претседателски куп во голф кој се одржува меѓу САД и Интернационалниот тим составен од познати голфери од целиот свет (без Европа), започна без никакви проблеми со свеченото интонирање на американската химна и почетните удари на поранешните Американски претседатели Бил Клинтон, Џорџ В.Буш и Барак Обама.

Токму во период кога сегашниот претседател на САД Доналд Трамп е актуелен со неговите несмасни изјави во делот со спортистите, поранешните претседатели без никакви проблеми се дружеа и забавуваа, со што испратија јасна порака до американските медиуми дека спортот може да обединува, а не да разделува. Според американските медиуми, тие го украдоа шоуто на светски познатите голфери, кои се спремаат под полна пареа за ова натпреварување.

Facebook Коментари