Кога ништо не оди како што посакувате: Скршениот Пулишиќ се расплака на клупата по одлуката на селекторот (Видео)

pulisic-amerika

Канада за првпат ја победи Америка по пауза од цели 34 години со головите на Дејвис и Кавалини, натпревар кој покрај триумфот на домаќините од 2:0, ни донесе и сцена која најдобро ни докажува во каква психичка состојба е младиот Кристијан Пулишиќ.

Фудбалерот кој беше доведен од страна на Челси како замена за Азар има навистина лош старт во Англија и тешко му оди со адаптацијата на системот на Лампард, но сега работите тргнаа на лошо за него и во репрезентацијата. Пулишиќ се обидуваше да му посочи на селекторот Берхалтер дека се чувствува добро и дека може да продолжи, но сепак беше повлече од игра во 60-та минута.

Непосредно по тоа, можеше да се забелеши како скршениот 21-годишник плаче на клупата за резерви, а до крајот, Америка прими два гола со кои го претрпе првиот пораз во КОНКАКАФ Лигата на нации.

Facebook Коментари