Кога не му оди на Перо, не и оди ниту на Звезда: Химки триумфално се прошета во Белград

Antic3

Перо Антиќ е исклучително важен играч за Црвена Звезда, а колку едно негово бледо издание всушност влијае врз играта на српскиот шампион дознавме денеска.

Македонскиот кошаркар беше далеку од својот просек и постигна само два поени, а сето тоа се одрази на резултатот, особено во второто полувреме во кое Химки и одржа лекција на Црвена Звезда. Домаќините беа подобри и имаа водство во првото полувреме, но затоа се што добро направија, упропастија во завршната четвртина која ја загубија со 27:16. Овој период од играта се покажа како клучен за конечниот резултат 70:79, а секако една од главните причини за незгодниот пораз беше лошиот ден на Антиќ кој мечот го заврши само со 2 поени за 11 минути минати на паркетот.

Facebook Коментари