Поврзете се со нас

Англија

Кога малите нешта имаат големо значење: Што прави Салах на бензиска станица во Ливерпул (Фото)

Објавено

на

Мохамед Салах веќе го има загарантирано статусот на херој во Ливерпул поради сето она што го направи за тимот во изминативе неколку сезони, пред се во последниве две во кои тимот на Јирген Клоп прави нешта од кои застанува здивот.

По минатогодишната титула во Лигата на шампионите, Ливерпул сега е на праг од прекинување на црната серија која трае цели 30 години, односно на чекор од освојување на трофејот во домашното првенство.

Трофејот во Премиер лигата секако ќе биде своевиден „шлаг на тортата“ за Клоп и неговите играчи, а пред да се вратат фудаблските возбудувања во Англија, Салах стана топ тема во Ливерпул и поради една нефудаблска причина.

Салах често знае да плени со својата едноставност и хуманост надвор од теренот, а сега го оправда таквиот епитет на една бензинска станица во Ливерпул.

Египќанецот застанал да наполни гориво за својот автомобил во опрема на Ливерпул, а среќниците кои се нашле таму го овековечија моментот, но истовремено открија дека Салах ги платил сметките за сите пумпи кои точеле гориво додека тој бил таму.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни