Поврзете се со нас

Англија

Кога ќе тргне нема запирање: Траоре ги поминуваше играчите на Астон Вила како мали деца (ВИДЕО)

Објавено

на

Составот на Вулверхемптон се избори за чудесна победа на вчерашната пресметка против Астон Вила на која до 80 минута губеше со 2-0 за да до крајот успее трипати да го матира Мартинез и направи пресврт од 3-2 за огромни три бода.

Ова за „волците“ беше четврто сезонско славје, трето во низа со што само потврди дека влегува во форма и ќе биде незгоден за сите ривали и во актуелнава кампања. Еден од играчите кој ги одигра сите 90 минути беше Адама Траоре, тој не даде ниту гол, ниту запиша асистенција, меѓутоа и праваше огромни проблеми на Астон Вила.

Посебно се издвојува моментот од првото полувреме кога украде топка на својата половина по што уфрли во „седма брзина“ и лесно се ослободуваше од домашните фудбалери, меѓутоа таа соло акција не ја круниса или поточно не ја мина последната пречка голманот Мартинез кој го спречи неговиот удар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни