Кога ќе го исполниш ветувањето и кога цел град ќе излезе да прослави: Вака се славеше НБА титулата на улиците во Оукленд (Видео)

Golden Stejt Voriors slavat

Тимот на Голден Стејт Вориорс тоа што го вети и го направи. Ја освои втората титула во низа и го извади целиот град на улица за да ја прослават шампионската титула во НБА.

На традиционалната парада на која имаше повеќе од милион фанови, насмеаните ликови на кошаркарите доволно говореа дека овој тим останува уште една сезона, а потврда за тоа стигна и од управата на клубот за отворените карти за новиот договор за Кевин Дурант.

Инаку за франшизата на Голден Стејт Вориорс ова беше шеста титула (три освои под градовите Филаделфија и Сан Франциско, а останатите три под Голден Стејт). Сега го делат третото место заедно со тимот на Чикаго Булс. Убедливо први со 17 шампионски титули се Бостон Селтикс, а веднаш позади нив се ЛА Лејкерс со 16 титули.

Facebook Коментари