Кога ќе добиете на „лото“: Работник од понизок ранг во Барса заработил неверојатна сума од продажбата на Нејмар

nejmar-dva

Бразилецот Нејмар ја стартуваше својата втора сезона како член на ПСЖ, но во Шпанија повторно стана актуелна темата за неговиот сензационален трансфер во Париз, а причина за тоа е ексклузивата со која излезе угледното каталонско радио.

Во ексклузивната спортска програма на „Каталуња СЕР“, се открија детали за еден несекојдневен детаљ од договорот на
Барселона со бразилската ѕвезда, од кој верувале или не, најмногу профитирал еден работник од понизок ранг во клубот од „Камп Ноу“.

При пристигнувањето во Барселона од редовите на Сантош, поранешниот претседател Сандро Росељ потпишал документ според кој човекот од доверба на таткото на Нејмар ќе доби 3 проценти од идната продажба на бразилската ѕвезда, а иако клубот извесно време се обидувал да не го исполни ова барање, на инсистирање на Нејмар Сениор дошло до реализација на истото.

Станува збор за Андре Кари, човек од доверба на таткото на Нејмар кој инаку го договори трансферот на неговиот син во ПСЖ, а во дадениот случај, споменатиот човек заработил 6,6 милиони евра од најголемиот трансфер во историјата на фудбалот. Кари ја има улогата на надворешен работник на Барселона, односно се грижи за давање на правовремени информации за талентирани играчи од Бразил кои би можеле да бидат интересни за клупското раководство.

Facebook Коментари