Поврзете се со нас

Англија

Кога играте со „двајца“ голмани: „Божја рака“ во Англија-интервенција со која спаси сигурен гол (ВИДЕО)

Објавено

на

Во фокусот на фудбалска Европа беа натпреварите во Лигата на шампионите, но вчера топката се тркалаше и во Англија, поточно во Чемпионшип лигата каде се случи еден потег кој ќе се памети и ќе се врти.

Имено на средбата меѓу Квинс Парк Ренџерс и Вест Бромвич Албион (2-2) во еден момент гостите играат со „двајца голмани“ затоа што дефанзивецот Седрик Кипре во вториот дел имаше една спектакуларна интервенција со рака на гол линијата, „мајсторија“ која мина незабелажано од судиите.

По ударот на Сем Филд топката сигурно ќе завршеше во голот, но Кипре со рака спречи израмнување на 2-2 во тој момент.

Во Чемпионшип нема ВАР технологија што во случајот беше топ вест за Седрик и неговиот ВБА.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни