Поврзете се со нас

Свет

Кога двајца добри пријатели ќе се сретнат после долги години: Срдечната средба меѓу Фелер и Дешамп (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/FrenchTeam

Германија западна во сериозна фудаблска криза и тоа резултираше со отказ за Ханси Флик како предводник на селекцијата, па пред да се најде долгорочно решение, оваа улога ја извршува Руди Фелер.

Легендарниот германски фудбалер се стави на услуга на националниот тим и ќе ги води фудбалерите на денешниот меч против Франција, кој ќе биде и тоа како тежок тест на „панцирите“ после турбулентниот период.

Станува збор за пријателски меч на кој двете селекции ќе пристапат со максимален ангажман, а на кој во фокусот ќе бидат и двајцата тренери кои се добри познаници.

Руди Фелер и Дидие Дешамп ја делеа соблекувалната во Марсеј и станаа европски шампиони освојувајќи ја Лигата на шампионите, па вчера имале срдечна средба во најавата за денешниот меч.

– Заедно ја освоивме Лигата на шампионите во 1993-та година и тоа беше незаборавен триумф за нас. Мислам дека бев највозрасен во тој тим во тоа време, а Дидие уште тогаш беше наш капитен и мижеше да се забележи дека веќе е тренер со начинот на кој зборуваше и размислуваше. Едвај чекам да го видам, – изјави Фелер на пресот пред средбата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни