Поврзете се со нас

Европски првенства

„Коцкестите“ со историски успех, ќе разигруваат за медал на ЕП: Познати полуфиналните парови на континенталниот собир

Објавено

на

Женската ракометна репрезентација на Хрватска оствари историски успех на Европското првенство кое оваа година се одржува во Данска.

„Коцкестите“ со победата над Германија од 23:20 успеаја да обезбедат пласман во полуфиналето и добија можност да разигруваат за медал од Европското првенство.

Ова е историски успех за хрватските ракометарки кои досега највисокиот пласман го постигнаа во 1994 година на Европското првенство одржано во Германија.

Противник на Хрватска во полуфиналето ќе биде селекцијата на Франција, додека во второто полуфинале ќе се соочат скандинавските репрезентации Данска и Норвешка.

Актуелниот светски шампион, Холандија ќе разигрува за петтото место против селекцијата на Русија.

Полуфиналните натпревари на програмата се на 18. декември, додека финалниот и натпреварот за трето место се играат два дена подоцна, на 20. декември.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни