Поврзете се со нас

Свет

„Коцкестите“ повторно ќе имаат нов селектор: Хрватите му изгласаа недоверба на Перковац

Објавено

на

Foto:www.facebook.com/hrs.chf

Хрватска почна импресивено на неодамна завршеното Европско првенство и со историска партија ја декласираше Шпанија, но тоа беше само почетен блесок кој потоа падна во втор план поради лошата игра на „коцкестите“.

Горан Перковац се одјави од шампионатот со победа над Германија во ситуација кога домаќинот немаше никаква желба за игра, па иако тогаш беше уверен дека ќе остане селектор, Управниот одбор на хрватскиот ракометен сојуз не мислеше така.

На денешната седница која се одржала преку телефонска линија, водечките луѓе на ракометот во Хрватска решија да не му изгласаат доверба на Перковац, што значи дека неговата етапа како предводник на тимот заврши многу брзо, или точно една година.

– Управниот одбор на Хрватскиот ракометен сојуз денеска на телефонска седница едногласно донесе одлука да го смени Горан Перковац по неуспешното Европско првенство во Германија.

– Челниците на сојузот во овој момент не одлучија кој во иднина ќе ја извршува оваа функција, па затоа одлуката за новиот селектор ќе биде донесена во следните неколку дена, – се вели во соопштението.

Перковац го освои 11-то место на завршениот континентален собир во Германија, што според стандардите на Хрватска, беше недоволно за да си ја задржи работата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни