Кочов: Во Гевгелија бркаме пласман во финалето

mzt-pozdrav

Екипата на Работнички со вчерашниот триумф над Куманово си го завери пласманот во големото финале, а денеска тоа сака да го направи и МЗТ Скопје.

Бранителот на трофејот со предност од 2-1 гостува во Гевгелија кај Блокотехна и со евентуална  победа ќе ја затвори оваа полуфинална серија. Тренерот Ѓорѓи Кочов е оптимист дека таа цел може да се реализира по услов пристапот кон играта да биде ист како на третиот меч во „Јане Сандански“.

-Пристапот го реши победникот на завчерашниот дуел во Скопје и верувам дека ако во мечот влеземе со иста решително и желба за успех дека ќе може да дојдаме до толку посакуваниот ‘брејк’. Се надевам дека ќе одговориме на предизвикот и дека ќе ја повториме истата игра која би била гаранција за успех. Во Гевгелија одиме по пласман во финалето и верувам дека ќе успееме во тоа, -рече Кочов за клупскиот сајт.

Клубот од Аеродром и за оваа битка нема да може да смета на повредиот Марко Симоновски. Средбата започну од 18:30 часот и истата ќе ја пренесува МТВ.

Facebook Коментари